Светскиот двократен шампион во Формула 1, Макс Верстапен може да биде казнет од француската полиција откако објави куса снимка на социјалните мрежи на којашто тој вози „Астон Мартин валкири“ на автопатот А8 близу Ница.
Холанѓанецот на видеото излегува од тунел каде што ограничувањето на брзината е 90 км/ч, а суперавтомобилот, инаку вреден три милиони евра, го вози со 124 км/ч. Според француските закони, казната за ваков прекршок е 135 евра.
Покрај тоа, Верстапен се снимил зад воланот со слушалки, што исто така, е забрането.
Не се знае дали Верстапен го поседува автомобилот или го изнајмил.