На платото пред Офицерски дом во Битола вечер ќе се одржи првото издание на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“.
Фестивалот „Ех, таа серенада“ значи навраќање на традициите карактеристични за конзулска Битола, на серенадата како музички жанр, најавија организаторите на фестивалот..
Вечер во Битола ќе бидат исполнети 16 нови староградски песни кои претставуваат синтеза на културата и културното наследство.
Во рамки на пред фестивалските промотивни активности за посетителите и туристите беше овозможено бесплатно возење со пајтон во комплексот на Офицерскиот дом