Во античкиот театар Марчело во Рим вечерва концерт ќе одржи триото „Балкан ашк“ во рамки на фестивалот „Concerti del Tempietto“.

Триото е во состав Ерхан Шукри - виолина, Енис Аљи - виолончело и Мерсиха Шукри - харфа кои ќе изведат дела од Ј. С. Бах, М. Глинка, Д. Фавре, Д. Шостанкович, П. Маскањи, Џ. Пучини, Офенбах, Р. Ловленд, Ф. Атаоглу и обработка на македонски народни теми.

Годинава, фестивалот „Concerti del Tempietto“ одбележува 35 години од постоењето.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2023 18:59