Изложба на дела од уметницата и скулптор Александра Богоеска беше отворена синоќа во Домот на културата „Иван Мазов - Климе", во рамките на ликовната колонија „Михајлово - Кавадарци 2023".

На неколкудневната меѓународна колонија, што се реализира по 27 пат, учествуваат триесетина ликовни уметници од земјава и странство.

Директорката на Домот на културата, Јулијана Туриманџова, рече дека Богоеска во своите дела ја акцентира длабоката врска помеѓу природата и внатрешното царство на емоциите.

-Co својата непоколеблива посветеност, Александра бестрашно го издлаби својот пат во светот на уметноста, оставајќи неизбришлива трага која ќе одекнува низ аналите на уметничката историја, нагласи Туриманџова.

Колонијата се реализира со поддршка на Министерството за култура и локалната самоуправа.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2023 11:48