Дуото за гитара и хармоника „Дармар“ на 30 август во Свети Наум во Охрид ќе го одржи својот прв концерт насловен „Вечер за паметење“, а специјален гостин како вокална придружба ќе биде Андријана Јаневска.

Дуото го сочинуваат гитаристот Дарко Багески од Македонија и хармоникашот Марко Хатлак од Словенија, двајцата студирале на Високата школа за музика Франц Лист, во Вајмар, Германија и имаат богата солистичка кариера на меѓународна сцена.

Ова е нивен прв официјален концерт како дуо „Дармар“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2023 03:59