Дваесет и тригодишниот Виктор Киплангат од Уганда е победник на машкиот маратон на Светското првенство во Будимпешта. Киплангат претпладнево до златото истрча со време два часа, осум минути и 53 секунди.
Второто место и сребрениот медал се за Мару Тефери од Израел кој маратонот го заврши со време 2:09,12 часа.
Бронзата отиде кај Леул Гебресиласе од Етиопија кој долго време беше втор, но не издржа до крај и на крајот мораше да се задоволи со третото место
Светското првенство во атлетика завршува вечер со финалињата во седум дисциплини.