Голферот Виктор Ховланд победи во финалето на ПГА серијата во Атланта, на која настапуваат 30 најдобри играчи во светот, а победата на 25-годишниот Норвежанец, покрај освоените поени во Федекс купот, му ја донесе и главната парична награда во износ од 18 милиони долари.

Во финалето на овогодишната сезона во Ист Лејк Голф Клуб во Атланта, норвешкиот голфер ја забележа својата трета победа на УС Тур, а неодамна триумфираше во Чикаго.

„Помалку е нереално да стојам сега тука. Но, во последните две недели го играв својот најдобар голф и формата не можеше да дојде во подобро време“, рече Ховланд по триумфот.

Организаторите на Федекс купот, по завршувањето на турнирот, поделија вкупно 75 милиони долари во парични бонуси.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2023 21:12