Во битолскиот Офицерски дом целовечерен концерт со наслов „Токио носталгија“ ќе приредат Јордан Костов-хармоника, Гензох Текиша-пијано, Хисао Фукушима-гитара, Андреас Гинтер-саксофон, Шин Ја Охно-гајда и Дамјан Грујо кој свири на перкашн.

Со меѓународниот концерт на уметници од Јапонија, Германија и Северна Македонија, во КИЦ-Битола, завршува летната концертна сезона.

Синоќа во битолскиот Офицерски дом концерт насловен „Птиците се враќаат“ организираа Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола и Гете Институтот – Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2023 12:32