Американските кошаркари попладнево во рамки на 3. коло во групата Ц го совладаа Јордан со 110-62 и со тоа ја забележаа својата досега најубедлива победа на Светското првенство кое се одржува на азискиот континент.

Избраниците на Стив Кер до триумфот од 48 поени разлика ги предводеше Ентони Едвардс со 22 кошеви и осум скокови.

Во натпреварот за второто место во оваа група Грција го совлада Нов Зеланд со 83-74.

Со максимален ефект од три победи пласман во втората фаза од групата Б обезбеди Србија која со убедливи 115-83 славеше над Јужен Судан. Второто место во групата го освои Порторико со победа над Кина од 107-89.

Пласман во втората фаза од групата Ф обезбеди Словенија, која со триумф над Зеленортските острови од 92-77 ја забележа третата победа на СП чиј домаќини се Јапонија, Филипини и Индонезија, а второто место во групата го обезбеди Грузија, совладувајќи ја Венецуела со 70-59.

Со триумф над Брегот на Слоновата коска од 89-77 пласман во втората фаза обезбеди и Бразил од групата Г во која тоа од претходно го направи и Шпанија, која денеска го совлада Иран со 85-65.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2023 03:56