– Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на фјучерс турнирот во Виена што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа денеска во првото коло ја совлада домашната тенисерка Алина Михалич со 2-0 во сетови (6-2, 6-2), која на турнирот настапуваше со вајлд карта.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу Арабела Колер од Австрија и Леире Ромеро Гормаз од Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2023 22:47