Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) соопшти денеска дека домаќини на Европското првенство 2025 во женска конкуренција ќе бидат Чешка, Грција, Германија и Италија.

ЕП во 2025 година ќе биде прво во историјата кое ќе се одржи во четири држави.

Групната фаза ќе се игра во сите четири земји домаќини, а завршницата на ЕП ќе се одржи во Атина.

Жрепката за квалификациите ќе се одржи на 19 септември, а евроквалификацискиот циклус ќе стартува во ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2023 06:14