Втората и шестата носителка, Белорусинката Арина Сабаленка и Американката Коко Гауф, ќе играат во саботното финале на УС Опен.

Гауф во првото полуфинале на грен - слем турнирот во Њујорк синоќа ја совлада чешката тенисерка Каролина Мухова со 2-0 во сетови (6-4, 7-5), а потоа Сабаленка спречи американско финале совладувајќи ја Медисон Кејс со 2-1 (0-6, 7-6, 7-6).

Сабаленка избори финале во Њујорк по два последователни порази во полуфиналните дуели, од Лејла Фернандез во 2021, и лани од Ига Швјонтек.

Белорусинката ќе има можност да ја освои втората грен – слем титула оваа сезона, откако ја почна годината со триумф на Австралија Опен.

За 19-годишната Гауф ова ќе биде прво грен - слем финале во кариерата.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2023 15:32