Предводникот на нападот на Синсинати Бенгалс, Џое Бароу, стана најплатен играч во историјата на американската НФЛ лига, откако потпиша продолжување на договорот со својот тим за уште пет години за сума од 275 милиони долари.

Договорот, како што јавија синоќа американските медиуми, вклучува загарантиран износ од 219 милиони долари.

Дваесетишестгодишниот Бароу во 2020 беше прв избор на драфтот и во својата дебитантска сезона одигра десет натпревари во дресот на Синсинати.

Минатата сезона Бароу имаше процент од 68.3 прецизни додавања.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2023 16:28