Норвежанецот Јакоб Ингебригстен постави нов светски рекорд на 2.000 метри на митингот од атлетската Дијамантска лига во Брисел.

На делницата на која ретко се одржуваат трки, неприкосновениот Норвежанец постигна време од 4:43, 13 минути и со тоа за 1.66 секунди го надмина досегашниот рекорд, кој од 1999 година беше во сопственост на Мароканецот Хикам Ел Геруж.

Одлични настапи на митингот во Брисел синоќа имаа и Шерика Џексон од Јамајка и Швеѓанецот Арманд Дуплантис.

Џексон во трката на 200 метри оствари четврти најдобар резултат на сите времиња, истрчувајќи ја патеката за 21.48 секунди.

Дуплантис триумфираше во дисциплината скок со стап со нов рекорд на митингот (6.10 метри), по што ја подигна летвичката на 6.23 метри, но беше неуспешен во трите обиди да постави нов светски рекорд.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2023 18:53