Кенијката Агнес Нгетич постави денеска светски рекорд на 10 километри со време 29:24 на уличната трка од серијата „Ворлд Атлетик Елит Лејбл“ во романскиот град Брашов.

Досегашниот рекорд (30:01) беше во сопственост на нејзината сонародничка Агнес Тироп од 2021 година

„Покрај тоа што е најбрзата жена на 10 километри, Нгетич има и трето најбрзо време во женската атлетика. Етиопјанката Јалемзерф Јехуалав истрча 29:14 во микс трката во Кастељон лани, а 29:19 во Валенсија претходно оваа година“, соопшти Ворлд Атлетик.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2023 21:48