Германија го освои златниот медал на Светското првенство во кошаркарка, совладувајќи ја Србија во денешното финале во Манила со 83-77.
За Германија ова е првото светско злато во историјата, додека Србија покрај сребрениот медал обезбеди и настап на Олимписките игри 2024 во Париз.
Финалето во Манила беше изразеното по првото полувреме (47-47), а клучна се покажа третата четвртина која Германија ја доби со 22-10.
И покрај негативата од 12 поени Србија не се предаваше и го внесе финалето во драматична завршница во која, сепак, не успеа да ја надомести резултатската негатива.
Германија до историското злато со 28 поени ја предводеше Денис Шредер, кој беше прогласен за најкорисен играч во финалето, додека во српските редови најефикасен беше Алекса Аврамовиќ со 21 поени.
Бронзата ја освои Канада совладувајќи ја американската репрезентација со 128-117 по продолжение