Шпанецот Хорхе Мартин (Дукати – Прамак) е победник на денешната Голема награда на Сан Марино, 12. од 20-те овосезонски трки во МотоГП.

Шпанецот триумфираше пред Марко Бецеки (Дукати – VR46) и водечкиот во генералниот пласман Франческо Бањаја (Дукати).

Бранителот на титулата Бањаја и натаму води во генералниот пласман со 283 бодови, додека зад него е Мартин со 247 бодови.

Следната трка во календарот на МотоГП е на 24 септември за Големата награда на Индија



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2023 04:18