Новак Ѓоковиќ стигна до рекордната 24 -та гренд слем титула. Српскиот тениски генијалец го освои УС Опен, една година откако не му беше дозволена да настапи, затоа што не беше вакциниран.

Новак на „Артур Еш“ го надигра победникот пред две сезони, Данил Медведев со 3-0 во сетови (6-3, 7-6/5, 6-3) и се закити со 24. Грен слем турнир во кариерата. Со овој голем турнир Новак Ѓоковиќ се израмни со Маргарет Корт и двајцата го делат првото место на вечната листа по бројот на Грен слем турнири.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2023 08:18