Македонската баскет 3×3 репрезентација со три порази во рамки на групата А го заврши настапот на Медитеранските игри на плажа.

Во воведниот натпревар македонската репрезентација загуби од Косово со 12-14, во второто коло беше поразена од Хрватска со 11-18, а во завршното коло претрпе синоќа пораз од домаќинот Грција со 7-21.

Домаќин на третите под ред Медитеранските игри на плажа од 9 до 16 овој месец е градот Ираклион на грчкиот остров Крит.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2023 18:36