Во втората половина на месецов, театарски уметници од државава ќе учествуваат на Меѓународна театарска резиденција, проект „Е.Т.Е.Р.И.А.“, во Констанца, Романија, соопштија од Македонскиот центар ИТИ/продукција.

- Во рамките на резиденцијата ќе бидат прикажани и материјалите од новиот видео театарски проект на Македонскиот центар ИТИ/продукција - „А-Ц-И-Н-С-Е-Л-А-К“, видео монодрама, женска верзија, улога: Филарета Атанасова и „KRIEG“, видео монодрама, машка верзија, улоги: Здравко Стојмиров, се наведува во соопштението.

Проектот е поддржан од ЕУ, „Креативна Европа“.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2023 19:33