Актерска екипа на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер во рамки на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, ќе ја изведе претставата „ЛАГАТА“ во режија на Бесфорт Идризи.
Претставата е работена според текст на францускиот писател Флоријан Зелер, а улогите ги толкуваат Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.
„ЛАГАТА“ ќе биде одиграна на сцената во струмичкиот театар „Антон Панов“, во чест на неодамна починатиот сценограф и архитект Крсте С. Џидров - Џиби. Тој од 1984 до 2022 беше автор на сценографии за 12 претстави во МНТ, а токму претставата „ЛАГАТА“ е негова последна сценографска креација во овој театар.с