Бекот на НБА лигашот Хјустон, Кевин Портер џуниор (23) е приведен во Њујорк поради наводен физички напад врз својата девојка, поранешната кошаркарка Кусре Гондрезик (26).

Американските медиуми јавија синоќа дека Портер бил уапсен во хотелска соба во Њујорк.

Според истите извори, кога пристигнале во хотелската соба полицајците ја пронашле девојката на Портер со расекотина на лицето и болки во вратот. Наводно, Портер неколку пати ја удрил својата девојка, која во минатото настапуваше во женската НБА, за Индијана и Чикаго.

Портер е член на Хјустон од 2021 година, а претходно две сезони настапуваше за Кливленд.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2023 20:25