Владата на Србија денеска донесе одлука со по 25.000 евра во динарска противвредност да ги награди кошаркарските репрезентативци и стручниот штаб предводен од селекторот Светислав Пешиќ за освоениот сребрен медал на Светското првенство кое се одржа на азискиот континент.

Српските кошаркари во неделата во мундијалското финале во Манила беа поразени од Германија со 83-77.

Владата во Белград на денешната седница донесе одлука со по 20.000 евра да ја награди и баскет 3×3 репрезентацијата која на Европското првенство во Ерусалим изминатиот викенд го одбрани златото.

Српската репрезентација во 3×3 во финалето беше поуспешна од Литванија со 22-20 и по петти пат во низа го освои европското злато.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2023 05:02