Ѓоковиќ го извади трофејот од УС Опен, а кога десетиците илјади навивачи почнаа да скандираат за него, тој не можеше да ги задржи солзите.
- Добро вечер Србија, Белград, те сакам! Ретки се моментите кога некој останува без зборови, ова е еден од нив. Јас сум пресреќен. Најпрво сакам да им честитам на фантастичните кошаркари и да им се заблагодарам што ме прифатија да бидам дел од овој спектакл. Ова е остварување на сонот на едно момче, бидејќи како мал присуствував на собири на кои се славеа фантастичните успеси на кошаркарите. Сум бил на балкон неколку пати, но никогаш вака. Бориша е херој на нацијата и заслужува сите да му скандираат – рече Новак, пренесе српски Курир.