– Осум екипи ќе бидат дел од Првата А, а две повеќе во Првата Б женска кошаркарска лига во новата сезона 2023/24 во женска конкуренција, соопшти македонската кошаркарска Федерација (КФСМ).
Во Првата А лига ќе се натпреваруваат Баскет Кам 2011, МЗТ Скопје, Куманово 2020 – Гризли, Вардар, Бадел 1862, Пробаскет Академија, Крива Паланка и Струга 2009.
Во воведното коло ќе играат Струга 2009 – Баскет Кам 2011, МЗТ Скопје – Крива Паланка, Пробаскет Академија – Куманово 2020-Гризли и Вардар – Бадел 1862.
Дел од Првата Б лига во новата сезона ќе бидат Шкупи, Јанбор, Гостивар 2009, Пелистер, Тим Арена, Спорт Тим, Риниа, Патриот 2016, Пониква и ГКК Охрид.
Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со десет екипи формирани се и двојките за првото првенствено коло во кое се среќаваат Шкупи – Спорт Тим, ЈанБор – Риниа, Гостивар 2009 – Патриот 2016, Пелистер – Пониква и Тим Арена – ГКК Охрид.