Вработените во НУ Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово ја демантираат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска дека се согласиле да се преселат во новите простории. Тие повторно потенцираат дека им е наложено од Министерството да се преместат во помали простории.

- После изјавата на министерката за култура, НУ Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово демантира дека ние наводно сме се сложиле за преселувањето на Библиотеката во новите простории, уште повеќе дека Министерството за култура никогаш ни нема пратено писмено известување за да бара наше мислење за преселување. Напротив, вработените и Управниот Одбор се со исто мислење дека просториите каде што треба да се преселиме имаат полоши услови од сегашните и не ги исполнуваат условите за нормално функционирање на библиотеката. Исто така, просториите каде што се планира преселувањето се помали од сегашните, се вели во соопштението на вработените во библиотеката „Кочо Рацин“.

Министерката вчера рече дека од 460 квадратни метри се преместува во други 460 метри, но од библиотеката потенцираат дека досега имале 156 квадрати, а добиваат нови простории со 148 квадратни метри од кои 13 се ходници.

- Одлуката за напуштање на просториите во рок од 15 дена стигнато ни е од Центар за култура „Иљо Антески-Смок“-Тетово на 07.09.2023, додека на 12.09.2023 имаме и писмена реакција пратено до Министерството за култура, Владата на РС Македонија и до Центар за култура, со известување дека условите каде што треба да се пресели библиотеката не се соодветни. Исто така е побарано да се формира комисија и да се направи увид на просториите со цел да се избегне ситуацијата да не можеме да ги преместиме книгите и истите наместо да се користат од страна на читателите да завршат во пакети, се вели во дописот од НУ Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово.

Според сознанијата на вработените, Владата, местото од библиотеката сака да го отстапи на Делегацијата на Европската унија



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2023 00:40