Во финалето на Европското машко одбојкарско првенство в сабота во Рим ќе играат домаќинот Италија и Полска, што ќе биде „реприза“ на ланското финале на Светското првенство.
Во првото вчерашно полуфинале Полска ја совлада Словенија со 3-1 (23-25, 25-21, 25-20, 25-21), а Италија синоќа ја надигра Франција со максимални 3-0 (25-21, 25-19, 25-23).
За Полска ова е трет последователен медал на ЕП на кое ја освои бронзата во 2019 и 2021.
Италија, пак, ја брани титулата освоена пред две години во Катовице.
Полскиот град беше домаќин и на финалето на мундијалскиот турнир лани во кое Италија ја совлада Полска со 3-1 во сетови.