Шарл Леклер и Карлос Саинц во болидите на Ферари ги остварија двете најбрзи времиња на денешниот прва слободен тренинг за Големата награда на Сингапур.

Трет беше водечкиот во генералниот пласман, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), а зад него британските возачи Ландо Норис (Мекларен), Луис Хамилтон (Мерцедес) и Џорџ Расел (Мерцедес).

Трката за ГН на Сингапур ќе се вози в недела кога Ред Бул (683 бодови во генералниот пласман) ќе има можност да ја освои втората последователна титула во конкуренција на конструктори.

Но, за тоа да го постигне, Верстапен и неговиот клупски колега Мексиканецот Серхио Перез, кој победи лани на истата патека, ќе мораат да ја завршат трлата на водечките две места.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2023 21:34