Грчкиот кошаркарски великан Олимпијакос одржа емотивна церемонија посветена на легендарниот играч Василис Спанулис кој одлучи да ја заврши кариерата.

Откако им се заблагодари на сите што имаа удел во неговата кариера, Спанулис излезе на теренот со своето семејство и гледаше како дресот со број 7 беше подигнат во сводовите на арената.

-Никогаш нема да ја заборавам оваа вечер. Ова е најважниот ден во мојата кариера, покрај шампионските титули, им се обрати тој на навивачите на крајот од церемонијата.

На церемонијата во „Мир и пријателство“ присуствуваше и првиот човек на македонската федерација Перо Антиќ, како и други поранешни и сегашни кошаркарски ѕвезди: Саша Везенков, Дејан Бодирога, Никос Зисис, Ник Калатес, Софокле Шорцијанитис, Димитрис Итудис и Јанис Сферопулос. Поранешните соиграчи и ривали, како и љубителите на неговата кариера и достигнувања, како што се НБА ѕвездите Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, до Спанулис испратија видео пораки.

Четириесет и едногодишниот Спанулис најголемиот дел од својата играчка кариера го помина во „црвените“. Моментално е тренер на Перистери.

Спанулис е водечки стрелец во Евролигата, трикратен МВП на Фајнл-форот и трикратен шампион во најдоброто европско клупско натпреварување, вклучително и со Олимпијакос во 2012 и 2013 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2023 09:03