„Не се сеќавам на скокот. Смртно сум сериозен“, изјави шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, откако втор пат оваа година го подобри светскиот рекорд во скок со стап, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 6.23 метри на завршницата на Дијамантската лига во американскиот град Јуџин.
Олимпискиот победник од Токио и двократен светски првак лани на отворено, исто така, во Јуџин прескокна 6.21 метри, а на 25 февруари годинава на митингот во сала во француското гратче Клермон – Феран прескокна 6.22 м
„Не се сеќавам на скокот. Смртно сум сериозен, само знаев дека ќе биде многу блиску“, рече 23-годишниот Швеѓанец, кому ова му е седми светски рекорд во кариерата.
Дуплантис порача дека светскиот рекорд бил начинот на кој сакал да ја заврши својата извонредна кариера.
„На трибините беше моето семејство. Така што тоа е неверојатно чувство, особено затоа што се тука луѓето кои сакам да го направам најгорди‘, рече Дуплантис