Селекторската клупа на грчката кошаркарска репрезентација е испразнето откако 53 – годишниот стратег Димитриос Итудис и Кошаркарската федерација на Грција ја прекинаа соработката.

Итудис ја презеде селекторската должност пред Евробаскетот 2022 и лани испадна со репрезентацијата во четвртфиналето од Германија, а на неодамнешното Светско првенство го заврши настапот во вториот круг.

Грчката Федерација објави дека Итудис нема да ја предводи репрезентацијата во квалификациите за Олимписките игри 2024 во Париз поради обврски кон турскиот прволигаш Фенербахче.

„Националната машка репрезентација и Итудис нема да го продолжат својот заеднички пат започнат пред Евробаскетот 2022 и завршува по овогодишното СП. Натпреварувачките обврски кои произлегоа од настапот на Грција на Олимпискиот квалификациски турнир во првите денови од мај 2024 не можат да се комбинираат со зголемените обврски на оИтудисво Евролигата и турското првенство со Фенербахче“, се наведува во соопштението.

Итудис освои две титули в Евролигата со московска ЦСКА (2016, 2019), а претходно беше тренер на грчки ПАОК и турски Банвит.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2023 05:03