– Светската кошаркарска асоцијација (ФИБА) објави детална статистика од неодамна завршениот Мундијал.
Така, репрезентацијата на САД го зазеде последното место по број на асистенции, односно вкупно 114,1. Прва е Шпанија со 212,4.
Помеѓу репрезентациите со мал број асистенции се и двата полуфиналисти: Канада (128,5 за 26. Место од 32 екипи) и Германија (134,3 за 25.место).
САД беа критикувани и за слабата одбрана во текот на целиот турнир. Тие и дозволија на Литванија да постигне 110 поени во второто коло, Германија постигна 113 во полуфиналето, а Канада постигна 127 во натпреварот за третото место (кој заврши по продолженија). Во тие три натпревари им дозволија на противниците да дадат 44 тројки од 102 обиди (43,1 %).