– Кинеската тенисерка Ванг Ксиу го освои својот прв ВТА трофеј во кариерата, откако денеска триумфираше на турнирот во Гвангжу.

Ванг во финалето со 2-0 во сетови (6-0, 6-2) беше поуспешна од Магда Линете од Полска.

За 22-годишната кинеската тенисерка, рангирана на 88. место на ВТА листата, ова беше прво финалето во кариерата во кое за триумф над првата носителка и беа потребни еден час и 20 минути.

Линете (27. на ВТА листата) го одигра своето прво финале оваа година, која почна со елиминацијата во полуфиналето на Австралија Опен.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2023 21:24