Грчката тенисерка Марија Сакари ноќеска ја победи Американката Каролин Доулхејд во финалето на турнирот во Гвадалахара со резултат 7:5, 6:3.
Мечот траеше 1 час и 45 минути. Дваесет и осумгодишната Гркинка освои титула за прв пат годинава и втора во кариерата. Во 2019 година, таа го освои турнирот во Рабат.
За Сакари ова беше прв трофеј по 4 години и 4 месеци
Со освојувањето на Мастерс 1000 турнирот во Гвадалахара, Сакари ја прекина низата од шест порази во финалињата.