- Берни Еклстоун го нарече Макс Верстапен најдобар возач во историјата на Формула 1. Поранешниот директор на шампионатот зборуваше и за возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон и неговите разлики со неговиот колега од Ред Бул.
- Макс е најдобар во историјата. Без сомнение. Порано тоа го мислев за Ален Прост, сега го викам Макс. Тој е најголем. Го извлекува најдоброто од болидот, работи според програмата. Тој е повисоко од Луис Хамилтон на мојата листа.Секако, Луис е неверојатно добар, неверојатно талентиран. Луис ги разбира луѓето и може да извлече сè од нив, а Макс добива сè од автомобилот. Многу е поразличен од Макс. Кога Луис ќе заврши со тркањето, тој може да го најде своето место во друг свет - во забавната индустрија или што и да е. Но, Макс нема да го стори тоа. Можам да кажам дека Макс е еден од нас, изјави 92-годишниот Британец.
Верстапен е двократен шампион во Формула 1 и е на чекор до освојување на третиот шампионски трофеј во низа.