– Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез ја продолжи доминацијата во супер средна категорија, одбранувајќи ја светската титула со победа на поени синоќа во Лас Вегас против Американецот Џермел Чарл.

Тројцата судии му доделија убедлива победа на Алварез на поени 119-108, 118-109, 118-109.

„Сè уште сум силен. Овој Канело никој не може да го победи“, изјави 33-годишниот мексикански боксер по победата.

За Канело ова беше 60 професионална борба во кариерата во која има само два порази и две нерешени борби.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2023 21:15