- Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се врати во Топ 200 на најновата ВТА-ранг листа објавена денес. Таа по вчерашниот освоен турнир во Куршумлиска Бања во Србија, бележи прогрес од 30 места е сега е на 186. позиција.
Во досегашната кариера најдобар пласман на Ѓорческа беше пред шест години кога се најде на 170. место.
На врвот на ВТА ранг-листата е Арина Сабаленка од Русија, пред Ига Швјонтек од Полска и Коко Гауф од САД.
Во Топ 10 се и: Џесика Пегула (САД), Елена Рибакина (Казахстан), Марија Сакари (Грција), Онс Жабер (Тунис, Маркета Вондрушкова (Чешка), Каролина Мухова (Чешка) и Каролина Гарсија (Франција).