Македонските претставници во квалификациите за ФИБА Евро купот вечерва забележаа порази.

Прво Феникс со убедливи 107:60 загуби од домаќинот Керавнос на турнирот во Кипар, а доцна вечерва Работнички во СРЦ „Кале“ во Скопје во драматична завршница е поразен од Сабах (Азербејџан) со 83:81.

По овие порази, Феникс остана само со теоретски шанси за освојување на првото место во Е-групата, додека за Работнички нема ни теорија да ги помини квалификациите.

Табела Е-група: Керавнос 1-0 (победи-порази), Рошток (0-0), Феникс (0-1).

Табела А-група: Рапид Букурешт (2-0), Сабах (2-0), Гронинген (0-2), Работнички (0-2).

Во последното коло на турнирот во Скопје, Работнички в четврток ќе се сретне со Гронинген, додека во Никозија, Феникс утре ќе игра со Рошток.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2023 05:36