Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА-лигата, Леброн Џејмс, по враќањето од одмор, призна дека сè уште не размислува за кариера по сезоната 23/24.
Џејмс има опција во договорот со Лос Анџелес лејкерс да настапува во сезоната 2024/25 и да заработи 51,4 милиони долари. Според него, сега не е подготвен да одговори дали ќе ја продолжи кариерата или ќе ја напушти кошарката во 2024 година.
- Сè уште не знам. Се чувствувам поинаку. Немам веќе 21 година, тоа е сигурно. Но, што се однесува до енергијата, немам проблем со тоа, изјави Џејмс.
Исто така, 38-годишниот Леброн е заинтересиран за настап на Олимписките игри во Париз.
- Јас сум заинтересиран. Ќе видиме, додаде првата ѕвезда на Лејкерс.
Леброн кариерата во најсилната лига на светот ја почна во 2003 година како играч на Кливленд кавалирс. Има играно и за Мајами хит.