Кошаркарот на Мајами, Кајл Лаури очекува да се врати во стартната петорка на тимот во новата сезона.
За време на минатиот шампионат, Лаури пропушти еден месец поради повреда и го загуби местото во почетниот состав од Гејб Винсент, кој летото се пресели во Лејкерси. Тогаш 37-годишниот Кајл ја прифати улогата на резерва, но сега сака повторно да биде стартер.
- Со оглед на начинот на кој работам, очекувам да бидам стартер во новата сезона. Споелстра? Не, сè уште не сме разговарале со него за ова. Но, ќе направам се тимот да победува, рече Лаури.
Тренерот на Мајами, Ерик Споелстра сериозно ќе смета на Лаури во претсјоното првенство.
- Ми се допаѓа ставот на Кајл. Тој е важен дел од она што сакаме да го создадеме, рече тренерот.
Лаури е во Мајами хит од 2021 година. Претходно настапуваше за Торонто репторс, Хјустон рокетс и Мемфис Гризлис