Дваесет и пет отсто од играчите кои минатата сезона настапуваа во најсилната НБА кошаркарска лига во светот се странци, покажува истражувањето на сајтот „олбг‘.

Најмногу странски кошаркари (25) во НБА лигата во сезоната 2022/23 се Канаѓани, по што следуваат Франција (13) и Австралија (12).

Истражувањето покажува дека најголем интерес за НБА лигата во европски рамки има во Словенија, пред Шпанија и Република Ирска.

Најмал интерес во Европа за натпреварите во НБА лигата има во Грузија.

Македонија во истражувањето со кое се опфатени 44 земји е на 24 место.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2023 04:41