Австралискиот тенисер Ник Кирјос го прогласи Роџер Федерер за најтешкиот противник во кариерата, додека Новак Ѓоковиќ го смета за најдобар во историјата на тенисот.
- Секогаш играв добро против Надал, ги имав најуспешните натпревари со него, а Федерер ме натера да се чувствувам како беспомошен. Без разлика каде игравте со него, тој беше миленик на навивачите. Сите сакаа Федерер постојано да победува, па веројатно беше најтешкиот играч за играње. Мислам дека Новак е најголемиот тенисер во историјата, но за мене најтежок противник беше Федерер. Имаше нешто во него... Беше многу агресивен и не дозволуваше да здивнеш, изјави Кирјос за „Tennis365“.
Во личните средби со Србинот Новак Ѓоковиќ, Кирјиос води со резултат 2:1, кај Рафаел Надал резултатот е 6:3 во корист на Шпанецот, со Роџер Федерер – 6:1 во корист на Швајцарецот.