Во рамки на фестивалот „РУТА“ вечер на сцената на Драмски театар Скопје ќе биде изведена претставата „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.
Претставата е во изведба на Београдско драмско позориште и нејзината премиера беше во октомври 2019 година на матичната сцена на БДП.