- Втората светска тенисерка Ига Швјонтек, попладнево во финалетовна ВТА турнирот во Пекинг ја победи Људмила Самсонова од Русија со 6:2 и 6:4. За полската тенисерка ова беше петта титула сезонава, по триумфот во Доха, Штутгарт, Ролан Гарос и Варшава.

Воедно, 22-годишната Швјонтек ја освои 16-та ВТА титула во кариерата во своите 20 финалиња.

Од играчите кои ја започнаа својата кариера во опен ерата (од 1968 година), само Елина Свитолина освои 16 први титули во помалку финалиња (19).

За Швјонтек оваа титула беше шеста на ниво на ВТА 1000.

На крајот од турнирот таа ќе биде поблиску до лидерот на ВТА ранг-листата Арина Сабаленка. Разлика во корист на Белорусинката од утре ќе биде само 465 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2023 00:59