Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на вечерашната трка за Големата награда на Катар.

Второто и третото место ги зазедоа возачите на Мекларен, Оскар Пјастри (4,833 секунди заостанување) и Ландо Норис (+5,969).

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон отпадна уште во првиот круг од трката. Британецот на првиот свиок удри во својот тимски колега Џорџ Расел и не можеше да продолжи поради оштетување на болидот.

Верстапен влезе во трката како трикратен светски шампион. 26-годишниот Холанѓанец успеа да ја обезбеди својата трета шампионска титула во низа за време на саботната спринтерска трка во Катар.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2023 06:39