Следното издание на велосипедската трка Џиро д‘ Италија ќе стартува на 4 мај од Торино, објавија денеска организаторите.

Стартот на првата етапа ќе биде во местото Венариа Реале, кое се наоѓа на осум километри северозападно од Торино, во близина на стадионот на Јувентус, додека целта ќе биде по 136-километарски круг во самиот центар на Торино.

Стартот на Џиро д’Италија се враќа во Торино, по пауза од три години и изданието во 2021.

Комплетната рута на трката ќе биде објавена в петок, најавија органзиаторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2023 07:02