Во киното Фросина во Младинскиот културен центар вечер ќе биде одржан концерт на американската музичка група ALGIERS.
Како што информираат од МКЦ, ALGIERS се политички освестено инди-рок трио кое комбинира елементи на пост-панк и но-вејв со блуз и госпел музика.
-Нивните почетоци се во далечната 2009 година во Атланта, Џорџија, кога гитаристот Lee Tesche и басистот Ryan Mahan, и двајцата дел од градската полетна андерграунд рок и ноиз сцена, го среќаваат вокалистот и гитаристот Franklin James Fisher, чии музички корени потекнуваат од големата црнечка госпел традиција на Југот, соул-блузот на Nina Simone и остриот фанк. Сите членови на бендот свират перкусии, клавијатури и програмираат тапани, стои во соопштението на МКЦ.
Дополнуваат и дека триото почнува да пробува и да свири концерти, комбинирајќи најразлични влијанија и вадат хибриден нивни личен звук што содржи и даб, панк и афро-фанк, а зад себе имаат 4 студиски албуми: "Algiers" (2015), "The Underside of Power" (2017), "There is no year" (2020) и последниот "Shook" (2023) на кој како гости се појавуват Big Rube, Zack de la Rocha од култниот бенд Rage Against the Machine, billy woods, Nadah El Shazly, Lee Bains III и други.
-Нивната нова музика, критичарите ја опишуваат како "пркосна, жанровски сеопфатна техниколор журка на стар куќен трем во рурална Атланта". Како предгрупа на бендот, се јавуваат германците “Left for Pleasure”, дарквејв бенд од Лајпциг со силно EBM влијание. Нивниот звук го карактеризира темнa и меланхолична атмосфера, со по некој зрак на надеж. Музички, со нивните настапи, гледаат да создадат длабокo емотивно искуство со присутната публика, велат од МКЦ.
Билетите можат да се набават во билетарницата на МКЦ по цена од 400 денари или на онлајн линкот на МКЦ за продажба на билети