- Карлос Алкараз кажа по што ќе го памти патувањето во Кина. Шпанскиот тенисер загуби во полуфиналето во Пекинг и во четвртото коло на турнирот во Шангај.

- Секогаш велам дека повеќе учиш од порази отколку од победи. И ова патување ме научи многу лекции. Мислам дека играм одлично и покрај поразите. Сега треба целосно да тренирам за Базел, мојот следен турнир. Ќе се обидам таму да го покажам најдоброто од себе, Алкараз.

На денешната АТП ранг-листа, 20-годишниот Алкараз се наоѓа на второто место со 8.805 бодови, зад лидерот Новак Ѓоковиќ кој во моментов има 11.045 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2023 22:30