Трката за Големата награда на Белгија на патеката Спа Франкошамп ќе остане во календарот на Формула 1 најмалку до 2025 година, објавија денеска организаторите.
„Спа е синоним за Формула 1 бидејќи таа е меѓу патеките од првата сезона на Светското првенство и затоа е многу привлечна за навивачите и возачите. Од тие причини, со огромно задоволство ја продолживме соработката до 2025 година. Промоторот вложи големи напори изминатите години во подобрување на инфраструктурата и доживувањето на навивачите“, изјави попладнево првиот човек на Ф1, Стефано Доменикали.
Спа Франкошамп е најдолга патека во Ф1 и има култен статус кој го стекна низ историјата со досега држани 56 Гран – при трки.
Годинава, ГП викендот во Спа Франкошамп провлече 380.000 гледачи, што е за 20 отсто повеќе во споредба со ланската трка.