МЗТ Скопје Аеродром го совлада попладнево Пелистер со 91-78 (45-40) во македонската пресметка во регионалната кошаркарска АБА 2 лига.

Војдан Стојановски со 20 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, додека неговиот брат Дамјан, како и српскиот интернационалец Душан Танасковиќ придонесоа во триумфот со по 16 кошеви.

Актуелниот македонски шампион ја забележа првата победа на воведниот „балон“ чиј домаќин е Суботица, откако во првото коло загуби од Цедевита јуниор со 79-92.

Кошаркарите на Пелистер, пак, го претрпеа првиот пораз во новата сезона по стартната победа над Шенчур од 78-72 по продолжение.

МЗТ Скопје, Пелистер, како и третиот македонски претставник ТФТ Мцарт натпреварите во АБА 2 лига ги продолжуваат во ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2023 06:47